Ова прекрасно чоколадно блакце го подготвив за мојот именден - Иванден. Се подготвува многу лесно, а е превкусно и многу чоколадно.

Овој колач го пробав пред скоро месец дена во Галичник, подготвено од Мајче. Тоа е жената со највешти раце во кујна. Јас според вкусовите и го провалив рецептот и до доловив приближно до нејзиниот рецепт. Мене искрено многу ме потсетува на вкусот и изгледот на бајадера, заради комбинацијата на чоколадото, бисквитите и оревите.

Подготовка на подлогата
- Бисквитите се мелат во сецко, од кои може некој да останат и поголеми.
- Мелените бисквити и оревите сецкани и мелени се мешаат убаво, се става сецкан маргарин и се меси.
- Се затоплува водата со шеќерот, додека да се стопи шеќерот и добиете шербет.
- Се прелева во шербетот и се замесува. Ако имате потреба од повеќе течност, додадете додека убаво да се умеси, бидејќи се зависи од видот на бисквити кои ги користите.
- Тестото се расплескува во калап. Јас користев два правоаголни калапи, од оние стандардните за печење леб. Обложете ги со фолија.
*Може да го расплескате тестото и во округол калап, бр. 26. Ваш избор. Според мене за сечење попрактично ми беше во правоаголен калап, за да исечам на вакви помали триаголничиња.

Ганаж фил
- Се загрева слатката павлака заедно со мали коцки маргарин. Се загрева, до пред вриење.
- Чоколадото се сецка на коцки и се прелева со загреаната слатка павлака и се меша додека да се стопи целосно.
- Оставете малце да се излади филот и потоа по половина од филот прелејте врз подлогата.
- Се остава убаво да се олади во фрижидер и да се стегне филот.

Послужување
Сечете парчиња со големина по избор. Потоа се прелеваат со чоколаден прелив и крцкави топчиња или пак може и со чоколадни капки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови