Како на око, така и на вкус прекрасен зимски сладолед, во корнет од тесто.
Прво во малку стоплената вода го ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно да се активира.
Потоа ги додаваме течните состојки, па сувите и замесуваме тесто понамеко.
Го покриваме и оставаме да кисни 30 минути.
Пак го премесуваме и кисни 20 минути.
Потоа нежно сучиме правоаголна кора.
Сечиме на ленти широки од 1,5-2 цм.
Го замотуваме корнетот од хартија и фолија со тестото.
Ги редиме во плех. Малку ги премачкуваме со растопен путер.
Од оваа количина направив 6 големи корнети.
Ги печиме во загреана рерна.
Внимателно ја одстрануваме фолијата.
Додека се печат корнетите, го подготвуваме зимскиот полнеж.
На загреано масло го пржиме празот, па ги додаваме на листови исечените шампињони, па малку во топла вода омекнатите суви домати.
Зачинуваме, па додаваме сецкана гауда, лути пиперки, маслинки.
Испечените топли корнети ги полниме со фил и одма ги послужуваме.

Совет - јас прво направив фишеци од чиста, бела хартија, па ги замотав со фолија.
Фолијата на едни малку ја намастив, па го мотав тестото, а на другите не ги намастив.
Лесно излегува и така и така од кога се печени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани