Прво во вангличка ги ставаме белките и ги матиме во цврст снег.
Сите останати состојки ги ставаме во еден сад и ги соединуваме со стапчест миксер.
На крај со лесни движења ги додаваме белките и ја изедначуваме смесата.
Во мала тава, јас користев на делимано и воопшто не ја намрсував, ставаме по еден кутлач од смесата, лесно протресуваме, за да добиеме палачинка со димензија од 10-12 цм
И ги печеиме на умерен оган. Јас печев на 5 (од 1-10).
Се печат на умерен оган со цел да не изгорат одозгора а внатре да не останат живи.
Ги редиме на послужавник.
Сега на тајнир ставаме една палачинка, ја премачкуваме со мармалад од шипки, редиме кругови банана, пак палачинка, мармалад, банани, палачинка.
Во сад над пареа ги соединуваме чоколадото и слатката павлака.
Со топлиот ганаш ги декорираме сервираните палачинки и уживаме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани