Во една касерола налеваме вода и додаваме сол.
Од кога ќе зоврие ја ставаме тестенината и исчистените главички прокељ.
Нека вари околу 7-8 минути.
Ги процедуваме.
На загреано масло го пржиме празот и сувата сецкана пиперка. Пред крај ги додаваме капарите, биеното сирење ,шерите и зачини по вкус.
Сервираме тестини во длабок тајнир и одозгора ставаме од приготвениот сос.
До колку сакате во време на пржењето на празот може да се додаде и малку ситно сецкан димен колбас, или од кога е готов сосост да се стави 2-3 лажици кисела павлака.
Оваа паста трпи промени по сопствен вкус и по понудата која ја имаме во фрижидерот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани