- Бисквитите сомелете ги, додадете во нив мелените ореви, какаото, шеќерот и измешајте. Со стопениот путер измесете ги да добиете компактна смеса. Со лажица ставете на дното од модлата. Оставете ја во фрижидер околу половина час да се убаво стегне.
Фил
- Спремете го желатинот според упатството на паковањето.
- Во млекото ставете половина од шеќерот и ванилата, размешајте да се стопи.
- 4 жолчки матете ги над пареа. Кога ќе се згусне полека истурајте од млекото и постојано матете. Доддете го и желатинот, продолжете да мешате се додека желатинот се стопи. Тргнете и ставете да се лади.
- Белките изматете ги со остатокот од шеќерот во црврст снег, додадете во оладените жолчки и изматете да се спојат.
- Вака спреманиот фил истурете го врз бисквитната кора, одложете да се повторно лади во фрижидер. Потребно е да се стегне како би го лесно извадиле и потоа сечете.
- Декорирајте по ваш избор.
Јас одделив од филот малку, доддов како, измешав да се обои, ставив во шприц и ставав во внатрешноста на веке истурениот фил. Треба да се работи побргу за да не почне да се желира - потешко ќе биде да се убаво спои.

Напомена
- Според состојките потребно е да се спрема во модла на откопчување и тоа бр.22 - јас спремав во 24.
- Врз спреманата кора од бискоти доколку сакате можете да ставите ганаш или стопена чоколада, па одозгора филот.
- Користев од ароматните бисквити. Јас имам обичај да ги нарекувам Џинџери и не додавам потоа никакви други ароматни зачинки, а доколку ставите обични не е на одмет да додадете цимет, ѓумбир, каранфилче.
- Овој колач дозволува да се работи и обратно, прво да го излиете филот, а потоа само да наредите бисквти или веќе печена кора, па потоа откако ќе се олади добро, да го превртите. Како и да го приготвите, тој е лесен и за подготовка и за јадење. Дозволува да ставите и некое овошје.

И така драги мои... времето така бргу минува, ден за ден, не знам кога веќе се нанижаа на ниската 800 рецепти. Значи ова е мојот јубилеен 800-ти рецепт.
Благодарам на дружбата, благодарам на целата екипа на Мои Рецепти кој вака успеа да не здружи и да ни биде секојдневие дружењето. Јас пријатно се осекам овде со сите вас... Ви благодарам за секое напишано зборче, за секоја буква...
Срекни празници!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани