Кога имате прекрасни пријатели како Маја (викианемаја) и Саше од Куманово и кога несебично ќе ви подарат неколку парчиња месо од дивеч, ќе имате волшебно убав ручек со месо од дива свиња.
Ви благодарам драги пријатели што ни овозможивте денес да имаме вистинска гозба. И Маја како што ветив, чекав да залади времево, готвев на 42 степени, хаха па не можев, а да не зготвам барем едно парче.
Имааам јас уште за готвење. Ви благодариме од срце.

Начин на подготовка.
Прво парчето месо од дива свиња го оставаме целосно да се размрзни.
Потоа го сечеме на парчиња со дебелина од 2 см.
Го оставаме во сад со вода да одстои за да излези крвта.
По пот реба ја менуваме неколку пати.
За тоа време ја подготвуваме маринадата каде месото ќе одстои 24 часа.
Во тенџере налеваме вода, додаваме црвено вино, вински оцет, 2 лажици маслиново масло, 1-2 лажици морска сол, чешниња лук, кромид сечен на крупно, морков, целер, гранчиња листови целер, 1/2 китка магоднос, 2-3 ловоров листа и 2 гранчиња рузмарин.
Го ставаме ова сето заедно да вари на тивок оган околу 30 минути.
Оставаме потполно да се излади. Пожелно е да се користи повисок сад каде ќе се маринада месото, со цел да биде целесно покриено. Значи комплет сварените и изладена маринада ја истураме врз месото. За време на маринирањето месото го превртуваме 2-3 пати.
Наредниот ден го вадиме месото од маринадата и го просушуваме на чиста кујнска крпа.
Сега во една тава ставаме масло додаваме голема главица сецкан кромид и пржиме да застакли. Тука ја додаваме сецканата сланина и неа ја запржуваме. Мастрафот го тргаме од тавата и тука ги пржиме исушените парчиња месо.
Сега земаме земјена тава ги ставаме пржениот кромид и сланина, прженото месо додаваме зачини.
Додаваме сецкани моркови, сецкан домат, пиперка, магдонос и ја ставаме во рерна да се пржи уште 30 минути.
Потоа ја вадиме тавата од рерна, додаваме едно лажиче црвен пипер, промешуваме налеваме вода, одприлика околу 250 мл. или од процедената маринада и оставаме на тивко да крчка 2. часа.со повремено промешуваме.
По потреба додаваме уште толку вода.
Кога месото е скоро готово, ги додаваме исчистените бамји и коцки компир.
Промешуваме и крчка на тивко околу 40 минути
Послужуваме, уживаме со чаша вино.

Ви благодарам уште еднаш Маја И Сашо
Дегустаторите, бевме презадоволни од убавиот ручек

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани