Во просеаното брашно правиме вдлабнатинка. Тука го активираме квасецот. Потоа ги додаваме останатите состојки и со млекото замесуваме средно меко тесто, кое не се лепи на рака. Убаво го изработуваме, пришто и го удираме од работната површина при месењето. Премачкуваме нежно со масленце, покриваме со стреч фолија и неколку памучни крпи и сотаваме на топло место да го дуплира волуменот.

Потоа на намрсена подлога, без премесување го делиме тестото на 4 дела и од секој дел вадиме по 4 или 5 делчиња. Убаво ги оформуваме во топчиња и редиме во намрсена тава со пречник 30см..

Кога сите ги оформуваме, повторно оставаме да стасаат 30 мин.

Пред печење премачкуваме со разматена жолчка со 2-3 лажици млеко и посипуваме со омилените семиња. Ги боцкаме на средина со чечкалица.

Печеме во загреана рерна некаде околу 45 мин. на 200 степени или зависно од рерната.

После печење покриваме со памучна крпа и најлон, нека отстојат 10-15 мин. така во тавата, а после ги вадиме и повторно завиткуваме.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани