Најпрво се спрема филот за да има време да олади кога треба да се става во тестото. Се пржи исечканиот праз додека омекни, па се додава дробено сирењето, кое исто така кратко се запржува и за брзо потоа на исклучена рингла се додаваат јајцата. Се промешува убаво, се додава буковецот и се трга од рингла. Оставете да се лади.

Од наведените состојки месиме складно тесто кое го делиме на 10 дела/топчиња, по 5 за секоја кора. Секое топче го расукуваме во круг и го премачкуваме со половина лажичка омекнато сало. Така расукани и премачкани ги редиме едно врз друго на две места по 5. Најгорниот дел не се премачкува. Секое купче се расукува во кора со големина на стандарден плех од шпоретот. Првиот се постила врз намастениот плех и краевите се оставаат малку да висат од него, па се распоредува филот и второто тесто се распоредува одозгора малку поднабрано, па со обвиснатите рабови се виткаат кори. Одозгора се рапоредуваат 2-3 лажици сало во мали купчиња.

Се печи во загреана рерна од 200С.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани