Да се проба нешто поразлично од навиките во последно време секогаш е неодолива работа, па така гледајќи ја емисијата со Марк решив да ја пробам оваа негова врезија на салата, секако со мое импровизирано количество на состојки. Што да кажам? Ново, интересно и секако убаво да се проба. Дека пак ќе се прави тоа сигурно, па затоа решив да го споделам и овде, во наштео купче со рецепти.

Зелката се сечка, се посолува малку и се меша. Се става во длабока чинија.

Потоа се прави дресингот. Секако, многу едноставно. Се мешаат убаво медот и сенфот, па се додава јогуртот и откако убаво ќе се измеша се додава павлаката. Се додава сол и бибер по вкус и на крај ситно се сечка магдонос и се меша со дресингот.

Со магдоносот, ако имате можи да се измеша и мал дел сечкан свеж копар. Како јас тоа го немав во моментот, а и сушениот за мене е малку тежок зачин, наместо копар, си додадов свеж власец од мојата садница кој одлично се вклопи во композицијата. Доколку немате ни едно од овие, секако ништо не е страшно да оставите само на магдоносот. Тој со зелката исто така е супер комбинација на вкусови.

Спремениот дресинг прелијте го одозгора врз зелката, па сервирајте. Ако ви е за домашни услови, за себе и не ви е за сликање за на фб, веднаш измешајте си го со зелката хахаха

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови