- Зелката, пиперот, карфиолот, морковот се сецкаат покрупно, особено зелката.
- Во нив се става солта и шекерот, биберот, целеровиот лист. Се остава да одстои 2 часа, по кое време се цеди.
- Прецедената течност која го пуштила зеленчукот се става во тенџере, се додава маслото и винскиот оцет - се става да проврие. Се пари зеленчукот и се остава да одстои 24 часа.
- Повторно се процедува зеленчукот, повторно се проврива веке добиената пресол. Пак се попарува, се додадва конзервансот, се меша добро и се собира во спремените тегли притоа налегајки.
Од пресолта ќе ви остане повеќе.
Напомена
- Доколку не сакате конзерванс, теглите ставете пастеризирајте ги сосема кратко да се затворат капаците. Внимавајте да не преварите и да не добиете варена зелка.
- Кој не сака целер, нека замени со ловоров лист и тоа на целата таа количина околу 10 листа ловор. На мене лично повкусна ми е со целеров лист.
- Напишав за винскиот оцет колилчина од - до - зависно кој процент е, а најсигурно пак да пробате.
- Можеби ќе ви се причини или кисела или солена, но откако се собере во теглите бидеји има сосема малку пресол, вкусот е таман.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани