- Тиквичките, пиперките и модриот патлиџан исечете на долги ленти или на тркалца. Посипете ги со сув зеленчук и маслиново масло, измешајте, на тава која не лепи - кратко потпечете ги.
- Додека е топол печениот зеленчук распоредете по него исецканата моцарела за да се истата и стопи. Залијте со сосот.
Сос
- Ставете во блендерот сите состојки и блендирајте да добите компактна смеса,

Совет
Прво спремете го сосот, исечете ја моцарелата, потоа печете зеленчукот. Кој не сака босилек, може да го замени со магдонос, но овде босилекот сосема одговара на останатите состојки.
- Можете да го служите како прилог кон печено месо, а ние го сакаме како лесен ручек...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани