Зеленчукот се мие.
Компирот се лупи и се сецка на коцки.
Морковот се лупи и се сецка на тркала.
Брокулата ја разделуваме на помали китчиња и зеленчукот го ставаме да се вари на пареа.
Откако е готов се остава да излади.
Се префрла во блендер и се зачинува со сол и црн бибер, налеваме маслиново масло со пикантен вкус. Лукчето го чистиме и додаваме, блендираме додека не добиеме посакувана густина. Ако ви е многу густо, додадете мн малку вода.
Имате предобар зеленчуков намаз кој јас го користам за појадок на парче леб.
Забелешка
Лукот можете да го ставите да се вари со останатиот зеленчук.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови