Еве уште една идеја за едноставни зеленчукови залчиња.

Од парчињата леб со модла вадиме кругови, исто така и од краставицата сечкаме кругчиња, а шери доматите ги сечкаме на половинки.

Лепчињата ги премачкуваме со топено сирење, па ставаме парче краставица, домат, и врз него со шприц, декорираме со маскарпоне. Јас од како го открив рецептот на Теофанија за домашно маскарпоне, редовно си го користам. И овде одлично се вклопи =)))
Пробајте, и уживајте!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови