Едноставна, малку необична и вкусна пита од зеленчуци :)

1. Прокељот се чисти и се вари во посолена вода на тивок оган околу 5 минути, потоа изладени се сечат на половина.
2. Исецканите моркови и кромид се пржат со путер и се додаваат ситно исецканите домати и зеленчуците се пржат околу 10тина минути.
3. Во тава бр. 24 се ставаат испржениот зеленчук се посолува и се додава црн пипер, потоа се реди прокељот и се додаваат чварките.
4. Смесата се полева со изматените јајца и одозгора се посипува изренданиот кашкавал.
5. Питата се пече на 180 степениоколу 20тина минути.

Наместо домати може да се стави во питата доматна паста 1 лажица. Чварките се користат по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани