Наједноставно, пројата можете да си ја подготвите по рецептот по кој вообичаено ја подготвувате. Потоа смесата поделете ја на два дела и во едниот дел додавајте од пирето со спанаќ се додека не ја добиете посакуваната боја. Понатаму од двете смеси ставајте наизменично во округол калап за печење како кога се подготвува зебра колач.
Еве како го подготвив јас.

1. Се матат јајцата со прстофат сол. Се додава млекото и маслото.
2. На страна се мешаат двата вида брашно и пецивото и се додаваат во смесата внимателно мешајќи со метална жица за матење.
3. Смесата се дели на два дела, во едната се додава рендано сирење, а во другата пирето од спанаќ.
4. Наизменично се зема од двете смеси по една кутлача и се става во округол сад за печење се додека не се потрошат. Мојот калап е со димензии 20см.
5. Пројата се пече околу 35-40 мин. на 180Ц или во зависност од тоа како пече вашата рерна.
6. Пирето од спанаќ се прави на тој начин што измиениот и исчистен спанаќ кратко време се пропржува на путер додека да омекнат листовите. Потоа се става во пасатор/блендер и се пасира додека не се добие пире. Јас правев пире од ½ кг спанаќ и за ориентација искористив само 3 лажици што беше помалку од половина од вкупното пире. Така да најубаво е пирето да го додавате во зависност од бојата што сакате да ја постигнете.
*чашата е од 2,5 дл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани