Подготовка
1. За подготовка на колачот најпрво изматете ги јајцата со шеќерот да станат кремасти, како за торта.
2. Додадете ја павлаката, маслото, ванилата, промешајте кратко со миксер и додадете го брашното претходно просеано заедно со пецивото.
3. Смесата поделете ја на два дела, во едниот додадете го испасираното шумско овошје, а во другата какаото. Промешајте убаво.
4. Треба да добиете смеси со приближно иста густина, па ако некоја од смесите ви излезе погуста(обично таа со какао) додадете 100-150мл. млеко.
5. Во округол сад за печење со димензии 20 см. ставете хартија за печење и со лажица куплача ставајте наизменично од двете смеси додека не ви се потрошат.
6. Печете го колачот 40-50 мин на 180Ц.
7. За тоа време подгответе го ганашот, затоплете ја павлаката да биде врела, прелејте ја преку сецканото чоколадо, почекате неколку минути и потоа промешајте за смесата да се изедначи.
8. Испечениот и подоладен колач, извадете го од калапот, а кога ќе се олади целосно премачкајте го со ганашот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани