Предлог десерт од мене за сите кои постат, но и за останатите на кои ќе им се допаднат.
Убави, меки, ароматични мафини, кои кај нас ги снема за час.

Исецкајте го јаболкото на помали коцки.
Каранфилчињата истолчете ги (може да користите и каранфилче во прав).

Во сад измешајте ги трите вида брашно и шеќерот.
Додајте ги зачините (ренданиот ѓумбир, цимет, морско оревче и каранфилчето).
Маргаринот растопете го и оладен додадете го во сувите состојки.
Додајте го бадемовото млеко, растителната слатка павлака, прстофат сол и измешајте.
Додајте ги исецканите коцки јаболко и пецивото и промешајте.

Со лажица земајте од смесата и ставајте во калап за мафини.

Печете на 180 степени, 20-25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани