На маслиновото масло се запржува пасирано лукче.
Морските плодови се мијат се чистат.
Се додаваат во садот со лукчето.
Се запржуваат околу 10минути на тивко, па се додава виното и рузмаринот.
Се оставаат да покрчкаат на тивко.
Штом виното испари се разматува пола лажиче брашно со филџанче вода и се додава во тавата со плодовите.
Се остава уште 3 -4 минутки на оган па се трга на страна.

Макалото со сувите пиперки го спремаме на следен начин.
Сувите пиперки се варат, се лупат и се додава ситно сецкан праз.
Се толчи делумично празот.
Да има и парченца останато.
Се попарува со зејтинче и се посолува.
Се додава 100 мл врела вода.
На здравје со овој вкусен посен ручек.

Кога се сервира се додава и лимонов сок врз морските плодови.

Забелешка
За пиперките пишав број заради тоа што се бара количина.
Јас го правам макалото од окои мислам дека оние кои знаат исто така го прават од око.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови