На идеја на мојата пријателка Љубица импровизирав моја верзија на спанаќ со ориз, но тоа што тој овде се прелива со павлака и јајце е всушност и неговиот шмек. Неодоливо сочно и вкусно, дури и самото налага да се јаде без престан како мезе, за мене една од оние што наведуваат гласно изразено задоволство од вкусен залак.

Исечкајте го кромидот и изрендајте го морковот, па запржете ги. Потоа додадете го спанаќот и мешајте додека омекни. Додадете го и оризот да запржи, па потоа доматот ситно сечкан. После 2-3 минути пржење додадете ја водата и коцката за супа. Откако ќе испари половина од водата, додадете зачини. Од јачината на ринглата зависи и количината на вода. Доколку се појака, можеби ќе треба да додадете уште малку вода за да се свари оризот. Добро е да се готви со предложената количина вода 20 минути на средна или малку повисока од средна температура.

Кога оризот е сварен а водата скоро испарила, до погуста течност, додаваме уште половина чаша топла вода и ги додаваме јајцата изматени со павлаката и солта. Мешаме и допекуваме во загреана рерна од 200 С уште некои 20на минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани