Тортелините се варат во зовриена вода 15 минути. Од кога ќе бидат сварени се цедат во цедалка и се истураат во земјена тава.
На страна јајцата се матат убаво со киселата павлака, се истура преку тортелините се протресува за секаде да има од јајцата и павлаката и врз нив се става ситно рендан кашкавал. Се става да се пече додека убаво зарумени. Се декорира по желба.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови