На загреано масло ги пржиме листовите шампињони.
Кога им испарила водата ги зачинуваме со сол, бибер, оригано.
Додаваме сецкан магдонос.
Оставаме да се излади смесата.
Во еден сад ги соединуваме состојките со кои ќе ги премачкуваме корите.
Земаме прва кора, ја премачкуваме со кашичката, па втора кора и неа ја премачкуваме, па трета.... се додека не ги истрошиме состојките.
Значи сите кори ги редиме една врз друга.
На последната кора наесуваме од подготвените шампињони.
Виткаме ролат.
Го сечеме на парчиња со дебелина од 2 цм.
Ги редиме во плех.
Од кашичката ќе ни остаат 1-2 лажици.
Тука додаваме од јогуртот за премачкување одозгора.
Ги печиме во загреана рерна околу 25 минути.
Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани