Декоративен и вкусен колач.
Пробајте го.

Во еден сад ги одвојуваме белките.
Почнуваме да ги матиме во густ шам, постепено додавајќи шеќер.
Кога е готов со исклучен миксер ги додаваме брашното, лешниците, вишните.
Лесно соединуваме.
Смесата ја истураме во правоаголна тава, во која има ставне хартија за печење и ја печиме околу 15 минути на 180 с.
Ја оставаме да се излади.
Во друг сад ги соединуваме жолчките, млекото, шеќерот, брашното,
Убаво со жица изедначуваме.
Го ставаме садот на тивок оган и вариме до згуснување.
Промешуваме повремено за да не фати кремот кора.
Кога е млак го додаваме изматениот путер.
Соединуваме.
Испечената кора ја делиме на половина.
Во средината ставаме 3/4 од кремот.
Поклопуваме со другата кора.
Со остаток на крем ја премачкуваме тортата.
Оставме да се стегни во фрижидер.
После 2 часа сечеме на коцки, декорираме со изматен шлаг и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани