Месото се вари со сол. Кога е убаво сварено се сечи на коцки.

Настрана се пржи ситно сецканиот кромидот со сол. Кога ќе ја промени бојата и стане стаклест, се додаваат печурките и се пржат. Се трга од оган и се додаваат коцките месо, зачините, сето убаво се изедначува.

Во друг сад се пропржува брашното со малку сол, внимаваме да не потемни, му додаваме ладно млеко и постојано мешаме додека бешамелот не добие густина на мајонез. Зачинуваме со мелен црн пипер.

Во земјена тава (или јас сега го наредив во калап со откопчување и го ставив во тава) се нанесува едната половина од месото, убаво се распоредува, па половина од бешамелот, половина кисела павлака, половина од ренданиот кашкавал.Уште еднаш се повторува постапката, најгоре кашкавалот убаво да покрие. Се наросува оригано и се става да се потпечи на 200 степени во загреана рерна, додека убаво поцрвени, околу 30 мин...

На здравје :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани