- Ставете да се запржи ситно сецканиот кормид на половина од вкупната количина од маргаринот. Кога кромидот омекнал, доадете ги исчистените од жилички (доколку има) цигерите и свежите насецкани габи (ако користите суви тогаш прво накиснете ги во врела вода да одстојат малку), малку рендана кора од портокал, мајчината душичка, на вкус сол и бибет и коњакот. Пржете сето ова заедно, но внимавајте да не ги препржите џигерчињата, мора да останат со меки во внатрешноста. Така испржени додека се уште топли, преместете ги веднаш во блендер или ако користите пасатор во некој друг тесен и длабок сад.
Додадете го остатокот од маргаринот и павлаката за готвење, пасиратејте се додека не добиете кремаста смеса, односно паштета. Оставете да се олади и соберете во сад кој ви одговара на вас.
Портокалово желе
- подгответе го желатинот според упатстовото на паковањето.
- Исцедете го сокот од портокалите и прецедете го.
- На тивок оган ставете да се загрева сокот од портокалот, додадете го желатинот и нека се стопи во сокот. Тргнете и почекајте малку. Откако ќе почне лесно да се желира истурете го врз паштета. Нека се добро олади и желето зацрвсти, најмалку 3 часа се потребни за тоа, потоа можете да ја служите.
Напомена
Оваа паштета пожелно би било да се приготвува онолку колку што ќе оцените дека ви е потребно за еден или два дена време. Не знам да кажам колку време може да стои во фрижидер бидејки ја приготвувам од половина состојки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани