За првиот слој се приготвува пана кота. Ставете го млекото и слатката павлака да се варат до точка на вриење, тргнете од рингла и додадете го прашокот за пана кота и малку сина прехрамбена боја.
Сипете ја смесата во калап и кога малку ќе излади ставете ја во фрижидер.

Отприлика за половина час започнете со спремањето на желатинскиот дел.
Желатинот растворете го со неколку лажици вода (спрема упатството) и оставете го да се желира. Потоа поделете го на два дела за секој слој со желе.
Измешајте го прашокот за желе со жешката вода и додадете го желатинот. Мешајте додека убаво не се стопи. Потоа додадете ја и ладната вода, па киселата павлака.
Се убаво измешано истурете го врз слојот од пана кота.

На ист начин се спрема и другиот вкус на желе отприлика после еден час откако предходниот слој отстоил и се подздрвил во фрижидер.

Откако ќе ги наредите сите три слоја, оставете го десертот да преноќи во фрижидер пред да го извадите од калапот/калапчињата (можи да го направите во цел во калап од куглоф или во оние калапи за векни, или пак во неколку помали калапчиња. Најдобар материјал на калапите е да бидат „железни“ или пласитка за полесно вадење.

Пред да го извадите десертот од калапот со нож малку одделете го од страните, па потоа калапот потопете го во врела вода некои 5 секунди, па превртете го врз рамна чинија за сервирање.
Друга опција за полесно вадење, но со малку начнат изглед е, пред да ги турате слоевите во калапите да обложите стреч фолија, па вадењето ќе е полесно.

*Како кај нас нема многу избор на овошни вкусови на прашоци за желе, една од варијантите за да се добие трослојност ја заменив со пана кота слој. Но, доколку некој има можност да зачека 3 различни бои на желе, можи да си го направи овој десерт комплетно само со слоеви од желе, како на пример портокал, јагода/цреша, лимон и сл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани