Секогаш ги правам овие колачи, но никако да дојде ред да ги напишам и да се зачуваат овде.
Се матат јајцата со шеќерот. Потоа се додава мекиот маргарин и се мати. Постепено се додава брашното, пецивото и ванилата.
Се меси со рака и се додаваат оревите и исечканото чоколадо на ситни коцкички. Се остава малку тестото во фрижидер(10мин) и се прават топчиња. Се печат на 180С-25мин.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани