Одмрзнатите ракчиња прво ги миеме под млаз ладна вода.
Во еден сад ги соединуваме маслиновото масло, ситно сецканиот кромид, ситно сецканиот магдонос, сол, бибер и сок од лимон.
Соединуваме.
Тука ги додаваме исцедените ракчиња, промешуваме и оставаме така да се маринираат 30 минути во фрижидер.
Потоа земаме тава, во која не ставаме масло, туку одеднаш ги додаваме соединетите состојки.
Пржиме 3-4 минути, на појак оган со повремено промешување.
Сервираме топли.
По желба може да се додаде ситно сецкано лукче и ситно сецкано чили пиперче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани