Побрза, истовремено и превкусна пита јас досега немам пробано!
Експресна, фина на вкус, прелесна за готвење. Како создадена за почетници во кујната!
Рецептов со мене го сподели мојата тетка, а јас сакам да го споделам овде со вас и да ви го препорачам најтопло!
- Чашата за мерење состојки која што ја користев е од 250 мл.
- Филот може да се направи по желба, основата се 4 до 5 јајца, а понатаму може да се стави се што ќе се најде во фрижидер – спанаќ, праз, сирење, кашкавал, сувомесно итн.
1. Најнапред се загрева рерната на 200 степени. Тава за печење бр. 36 се намрсува и се набрашнува.
2. Сите состојки за тесто се мешаат во длабок сад, убаво со лажица.
3. Кога ќе се добие хомогено тесто, се наплескува во претходно припремената тава за печење.
4. Филот се припрема така што се матат јајцата, а потоа им се додаваат останатите состојки ситно исечкани. Се меша се убаво, се разлева врз тестото, по желба се наросува сусам.
5. Се става во рерна, рерната се намалува на 180 степени и се пече 20 минути.
6. Кога ќе порумени и ќе се оддели од краевите на тавата, се вади од рерна, се остава да се излади, се сече и се послужува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови