Секогаш добредојдени... :)

Се става во тенџере на оган да зоврие водата со маслото и малку сол.
Штом зоврие се трга од оган и се додава брашното, енергично мешајки да се добие еднолична мазна смеса, без грутчиња.
Потоа се враќа на рингла и уште малку се готви со постојано мешање, додека се собери тестото во топка и на дното од тенџерето не се направи танка коричка.
Во потполно изладено тесто се додаваат јајцата едно по едно и на крај пецивото.

Со помош на шприц за тулумби се прават формите, со убаво растојание меѓу нив, бидејќи доста растат при печењето. Нежно се премачкуваат со малку водичка, со помош на четка и се ставаат да се печат во загреана рерна.

Ги печев 45 мин. и тоа на 220-10 мин., па намалив на 200-20мин., па на 180-15мин., во претходно загреана рерна, а вие си печите како што си печите. Една напомена-рерната не се отвора додека се печат.

Ладни се сечат, малку погоре од половина, па се филоваат со изладениот фил.

Филот се подготвува на стандарден начин.
Во 750мл. млеко се додава шеќерот и ванилите и се става да зоврие. Настрана во остатокот од млекото се раствора брашното, убаво се миксира, за да нема грутчиња. Се матат јајцата и се додаваат на смесата од млекото со брашно. Се убаво се меша, поврзува и се додава во зовриеното млеко, постојано мешајќи на умерен оган, додека кремот ја добие потребната густина. Се трга од оган и се остава да излади, но не целосно, туку да биде млак и тогаш се поврзува со претходно изматениот маргарин.Во целосно изладен фил со лажица се вмешува изматената шлаг крема со ладното млеко.

Се филоваат еклерите и на крај се премачкуваат со четче од чоколадната глазура, која сме ја подготвиле на тој начин што над пареа сме ги споиле сите наведени состојки за неа во еднолична смеса.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани