Одлично посно мезенце.
1. Сончогледот, кимот и сусамот се мешаат во нелепливо тавче на тивок оган и се пропржуваат малку, додека да поруменат и да им се почувствува мирисот.
2. Пред да се подготвува намазот, кикириките се натопуваат во вода и се оставаат барем 3 часа да отстојат така.
3. Сите состојки се мешаат заедно и се ставаат во Нутрибулет/блендер. Додадете вода според тоа колку сакате да ви биде густ намазот.
4. Кога ќе се изблендира и соедини смесата додадете сол и црн бибер по ваш вкус, промешајте и послужете со двопек, крекери, салата иако јас мислам дека е доволно хранлив да се јаде без ништо.
5. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови