Првата замисла ми беше дека ова ќе биде колач, ама како го подготвував така добивав идеи да го усовршам, па се создаде оваа торта.

Подготовка
1. Го матиме путерот заедно со шеќерот и прстофат сол. Додека матиме додаваме едно по едно јајце.
2. Брашното и пецивото ги соединуваме и постепено наизменично со млекото ги додаваме во смесата со путерот. Матиме до соединување.
3. Третина од смесата ја истураме во намрсен и набрашнет калап со обрач бр. 24. Печеме во загреана рерна на 180 степени.
4. Во остатокот од смесата ставаме какао, мелениот афион, румот, бадемите и сокот од јаболка. Соединуваме и откако ќе се испече едниот дел го печеме и овој дел на ист начин.
5. Двата пандишпани ги сечеме при врвот, им ја отстрануваме нерамнината создадена при печењето. Ги делиме на две половини и двата дела.
6. Крем пудингот заедно со млекото го матиме до згуснување, па му додаваме рендана кора од портокал.
7. Сокот од два портокали го ставаме заедно со шеќерот да се загрее, само колку да се стопи шеќерот во него. Ги прелеваме корите со овој сок.
8. Крем пудингот го делиме на три дела. Редиме афион кора, крем пудинг, бела кора, крем пудинг, пак бела кора, крем пудинг и на крајот афион кора.
9. Белката заедно со шеќерот во прав ја матиме до згуснување, па на крајот го додаваме лимоновиот сок.
10. Целата торта ја прелеваме со оваа смеса. Ги редиме сувите овошја и јаткастите плодови.

Забелешка
Може да користите и бел шеќер. Јас повеќе од половината кафеав шеќер го сомлев до прав во Нутрибулетот. Почнав да ставам од него во путерот и некако многу крупен ми беше, па затоа остатоток го направив во прав.
Афионот исто така го мелев во нутрибулет.
Крем пудингот се купува во кесичка и само се мати со млеко.
Од суво овошје и јаткасти плодови ставив брусница, лешници, бадеми, индиски ореви, смокви, урми, мешавини од суво овошје итн.
Јаткастите плодови кратко ги потпекуваме, а сувото овошје го сечкаме.
Единствено следен пат кога би ја правела би намалила во афион или би додала во таа смеса малку повеќе сок од јаболки или млеко. Супер е тортата – колач и по вкус и по изглед, само мислам дека повлажно тестото би било со помалку афион.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани