Веќе долго време ми стоеја фотографиите во компјутер на овој рецепт и конечно да и дојде редот да го ставам. Жал ми е што не успеав да го ставам порано бидејќи овој рецепт има одредено време за правење од 15 септември до 15 октомври, но се надевам дека ќе ви користи за следната година. Овие јуфки ние ги правиме значи секоја година и ги користиме се до следната година до кога ќе треба да се прават нови јуфки. Навистина се многу поубави од купечките се разбира домашно си е домашно, но домашното имала малку повеќе работа. Се надевам дека на некого ќе ви послужи овој рецепт.

Подготовка.

1. Јајцата се кршат во еден сад и се матат со миксер. Откако ќе ги изматите се додава млекото и се мати повторно да се соединат.

2. Во поголем сад брашното се сее низ сито, се додава солта и пополека се додава од смесата од јајцата и се замесува убаво тврдо тесто.Тестото се бие се додека не почнат меурчиња да излегуваат. Тоа ќе го заприметите кога ќе го пресечете тестото на половина. Погледнете на дополнителните фотографии.

3. Тестото се дели на топчиња. Нас од оваа смеса ни излегуваат некаде 100 топчиња. Топчињата ги ставаме во неколку плеха премачкани со масло, па ги покриваме со мокра крпа.

4. Од топчињата расукуваме кори (кората не треба да биде многу тенка), па ги ставаме на чисти покривки да се сушат (сушењето зависи од времето – корите не требат да бидат многу суви бидејќи ако се многу суви тогаш кога ќе ги сечете низ машинката ќе се дробат.

5. Сувите кори се сечат на ленти ( погледнете на дополнителните фотографии), па се ставаат една по една во машинката да се сечат. Откако ќе ги исечите се ставаат на чисти покривки убаво да се исушат (трае една недела ). За да не побели јуфката треба да се суши под сенка.По една недела се собираат во  кеси. Добар апетит...

Забелешка
* Ние од овие состојки замесуваме три погачи. Ако е една или две потешко се размесува бидејќи е тврдо тесто.
* Овие јуфки ги служиме цела година.
* Ги држиме во најлонски кеси во темна просторија.
* Брашното колку е потребно зависи колку смеса имате од јајца и млеко.
* Бокалот е 1 л и 200 мл.
* Се надевам дека добро ви опишав како се прават домашните јуфки, но доколку нешто не е јасно пишете во коментари ќе ви одговорам =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани