Ова е многу популарно јадење во Кина, пржени тестенини со зеленчук, со разни зеленчуци.
Но да почнеме прво со тестенините.за рецептот и правењето. Првиот пат имав помош од еден пријател од Кина. Сега веќе се охрарбив сама и мислам супер ми испаднаа.

Брашното се меша со топлата вода. Јас ставив малку квасец и шеќер во тестото. Не сакав многу да се надигне. Треба да се добие тврдо тесто. Ама многу тврдо. Односот брашно вода е некаде 3-1. Значи 500 г брашно може 150 мл вода.

Се остава да отстои половина час покриено.
Потоа малку се размесува и се сече на парчиња. Јас користев машинка за сечење тестенини. Тенките ленти се сечат на дебелина која вам ви одговара. Или може рачно да се проба. Потоа се валаат во брашно. Значи секоја лентичка која ќе се исече и готовите тестенини се протресуваат и се става брашно врз нив. Мора да се доста суви за да не се лепат при варењето.
Оваа количина што ја добив се вари на трипати. Ако ја ставите одеднаш, ќе ви се залепи.

Во меѓувреме се пржат кромидот, зелката, морковот. При крај по 10 мин, се додават и црните печурки и зачините, соја сосот, сусамовото масло. Убаво се промешува. Тргнете на страна додека да ги сварите тестенините. Ова е количина за двајца. Ако ви останат повеќе тестенини, може да се чуваат во фрижидер за наредниот ден.

Неколку пати ги протресувате пак да не се лепат.
Во тенџере се зоврива вода, во која кога ќе почне да врие, ќе ставите некаде две раце тестенини. Со стапчиња или лажица убаво промешувате измеѓу да не направат топчиња, грутки залепени. Е сега кинеската финта (не знам дали ја има кај нас при варење тестенини) е да се стави чаша вода (собна температура) врз тестенините кога ќе зовријат првиот пат. После зовриваат втор пат и се готови. Се цедат под чешма ладна вода.

Во вок тавата со зеленчук, се ставаат тестенините, убаво се промешува. Се става едно јајце на крај. Убаво се промешува.

Совет- И да го направите тестото помеко, додавајте многу брашно подоцна при второто расукување и кога лентите се сечени во тестенини. И така ќе испадне, ама се кршат лесно.

Искрено кујната ќе си ја правите малку лом, ама вкусот на свежи тетсенини е неспоредлив.
Одвојте викенд ден за домашни тестенини и бидете креативни со сосот или зеленчукот вака на кинески начин.

Зелен чај секако по оброкот. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани