Рецептот е основна смеса за корпи.
Јас го користам во мојот апарати добивам предобри корпи за сладолед и десерт.

Водата, путерот, шеќерот се ставаат да се растопат, се трга од оган и се остава да одмори 5 минути.
Потоа се додава полека брашното и јајцата и се мати да се соедини смесата.
Се зачинува со ванилниот шеќер, солта и циметот.

Вака спремната смеса, се полева по една кутлачка во апаратот за корпи и благо се притиснува, па се чека на нивно печење.
Кога се готови користете ги како подлога за сладолед или пак подлога за било кој десерт.
Коричката е вкусна и крцкава, па моите дома знаат и така само да ги крцкаат.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови