1. Брашното ставете го во длабок сад, додајте ги јајцата, маста, млекото, солта, шеќерот, кората од портокал или лимон и иситнетот квасец.
Се добро измешајте и замесите компактно меко тесто. Ако ви изгледа премногу ретко додадете уште малку брашно, а ако е тврдо додадете уште малку млеко. Тестото треба да се одвојува од ѕидовите на садот и да не се лепи за прсти. Прекријте го тестото со чиста крпа и оставете го околу 45 минути да нарасне. Кога тоа ќе нарасне, извадете го на работна површина која претходно сте ја наросиле со брашно и поделете го на два дела.
Со помош на сукало растегнете ја едната топка тесто и потоа со модла или пак чаша вадете кругови за крофни.
Повторете ја постапката и со другата половина на тестото и оставете крофните да отстојат 15-на минути на набрашнете површина за да не се залепат. Во длабока тава загрејте поголема количина на масло и полека ставајте ги крофните да се пржат. Доволно е секоја крофна да се пржи по две минути од секоја страна.

Испржените крофни исцедете ги и ставајте ги на кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.

На крај посипете ги со шеќер во прав или премачкајте ги со мармалад и секако уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани