1. Брашното, квасецот, солта, шеќерот и млаката вода се промешуваат, се меси меко тесто и потоа се чека да стаса.
2. Маслинките се сецкаат наполу, кашкавалот се ренда.
3. Сос. Доматното пире се промешува заедно со павлаката и зачините. Во мој случај јас не го употребив оригано, туку далматински зачин, што дава посебна арома на пицата.
4. Половина од тестото тенко се сука во форма на круг ( тавче бр.32 ) , одозгора се премачкува со половината од сосот, а врз него се редат кашкавалот, маслинките, печурките и сланината, и се пече на 250 степени околу 15 минути.
5. Во другата пица се редат истите состојки само наместо сланината се става чајната колбасица.

Пријатен апетит! :)
Состојките од филот може да бидат и по ваш вкус :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани