Еве предлог како да се искористи ова сезонско, вкусно овошје.
Сокот се подготвува многу брзо, ја задржува прекрасна боја и има прекрасен мирис и е без конзерванс. Рецептот е на Ранкос од Србија.
Прво кајсиите ги миеме и ги делиме на половина, им ја одстарнувамем семката и ги ставаме во еден лонец.
Ставаме малку лимонтус, шеќер, вода и ги оставаме на ладно да одстојат 10-12 часа.
Наредното утро ги поминуваме со стапчест миксер
Или ако сакате пред да ги потопите со вода поминете ги на машина за мелење месо.
Ставаме на оган на тивко да се вари.
Од кога ќе проврие, вариме само 15 минути, а при тоа ја одстарнуваме пената која се создава на површината.
Сега готовиот сок го прецедуваме низ прво погуста цедалака, па потоа поситна.
Го собираме во чисти, топли шишиња.
Ги завиткуваме во ќебе и оставаме потполно да се изладат.
Послужуваме или чуваме за долгата и студена зима.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани