Праските излупете ги и испасирајте ги или грубо изблендирајте ги.
Додајте го скробот и убаво измешајте.

Во касерола ставете го млекото и медот.
Откако ќе се загрее до зовривање ставете ја мешавината од праски и скроб и мешајте на најтивок оган околу 5 минути.

Во садовите за послужување ставете од пудингот.
Одозгора ставете 1 лажичка чиа семе и пак врз семето пудинг.
Посипете со малку сецкани бадеми.

Оставете да олади и послужете се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани