- Во дел од водата растворете го квасецот со шекерот.
- Во брашното додадете ги сите останати состојки. Додадете ја млаката вода и јогуртот, замесете тесто, домесете со маслиновото масло. Покријте и оставете да стаса.
- Стасаното тесто премесете го, оставете да стаса уште еднаш (а и не мора) потоа формирајте го лебот. На работната површина ставете и чиа семе, извалкајте го во него, ставете на побрашнета крпа или чаршавче, покријте и нека стаса.
- Вклучете ја рерната да се загрее на 210 степени, истовремено ставете го тавчето во кое ќе печете. Кога стасал лебот извадете внимателно загреаната тава, претурете го лебот во неа, вратете во рерната да се пече. Печете 10 мин, потоа намалете ја температурата на 200 степени уште 10 мин, по што ќе се намали температурата на 180 степени и допечете го лебот. Вкупно временски зависно од рерната се пече околу 40 мин. но не е на одмет да го надгледувате додека се пече.
Ќе ме радува ако некој си спрема од овој Алтан жолт леб, ние сме воодушевени.
Напомена
- Многу пати напишано, јас печам во тава со капак кој заедно со тавата го ставам да се загрева во рерната
- Многу симпатично лепче е ако се подели тестото на два дела и се направат две помалечки лепчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани