Најпрво исчистените лешници ги печеме 7 минути на 180 степени и ги лупиме. Вака исчистените лешници ги ставаме во блендер и миксираме 5 минути додека испуштат од своето масло. Постепено ги додаваме останатите состојки, притоа какаото го просејуваме за да нема грутки. Матиме уште 5 минути додека смесата се соедини.
Доколку кремот не ви е доволно благ, додадете уште мед, а во случај да е густ за ваш вкус додадете лажица плус млеко.
Јас го правев со обично кравјо млеко.
Од оваа доза излезе 400гр крем.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови