Многу долго барав рецепт за домашен кечап, а да биде барем малку сличен на купечкиот. Конечно го најдов вистинскиот рецепт.
Рецептов ми го даде една пријателка и многу сум и благодарна.
Па еве да го поделам и со вас, а вие пробајте нема да зажалите сигурно.

Излупени и од семки исчистени патлиџаните ставите ги во тенџере на тивок оган да вријат додека остане 3/4 од патлиџаните.
Во мегувремено измешајте ги зејтинот, оцетот, солта, биберот, ориганото и зачинот за рибја чорба и додадете ги во патлиџаните. Оставете нека врие уште десетина минути.
Извадете од патлиџаните во една чинија. Кога ќе се изладат растворете го нишестето и додадете го во кечапот. Поклопите и нека врие 10 минути со повремено мешање. Потоа тргнете го тенџерето на страна, додадате го конзервансот, промешајте.
Готовиот кечап соберете го во топли тегли или шишиња. Јас го ставив во тегли и од оваа количина ми испаднаа 5 тегли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови