Секоја домаќинка може да си направи домашно сирење на едноставен и брз начин.
Прво во тенџере додадете го млекото, потоа оставете на оган да зоврие. Откако ќе зоврие тргнете на страна и чекајте 5 минути да се олади.
Потоа додадете сол по вкус и оцет, измешајте со лажица, постепено додадете го и киселото млеко размешувајки.
Откако ќе го додадете и киселото млеко оставете да се згрутчи, истурете го сирењето во претходно подготвен сад цедилник, врз него ставете памучна чиста цедилка и истурете внимателно.
Потоа со помош на рацете оформете топка и притиснете ја со тежок предмет, оставете околу 2 часа да се исцеди добро течноста.
Откако ќе се исцеди течнота сирењето извадете го од памучната цедилка, завијте го во кујнска хартија натопена во ладна вода за да не се исуши, оставете во фрижидер да се излади околу 2 часа.
На таков начин сирењето може да стои од 4 до 5 дена во фрижидер во хартија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови