Месото преку ноќ ставете го во маринада, вода колку да го прелие, малку киселина, некое ливче ловоров лист, еден кромид.
Другиот ден извадете го од водата и ставете го да се вари. Јас обично го варам дваесетина минути во експресен лонец.
Во земјена тава со капак, ставете го месото, исечениот кромид на покрупни парчиња, цели чешниња лук, сливите, зачинете го и прелијте го со виното. Ставете го салото и измешајте.
Покријте ја тавата со капакот и ставете го во загреана рерна на 180 степени да се печи. После еден час извадете ја тавата од рерната и превртете го месото. Вратете ја назад да продолжи да се печи. Зависи од кој дел е месото, ама отприлика ќе се печи два часа. Изгасете ја рерната и оставете ја тавата внатре. Потоа, уживајте во јадењето со чаша црно вино.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови