Интересна декорација со зеленчуци, каде исклучок е јаболкото, но ми требаше цврста потпора за да ги наредам чeпкалките и зеленчуците.

Ги сецкаме зеленчуците во саканата големина, редиме чепкалки во круг околу јаболкото и потоа ги редиме и зеленлуците. Јас сегде за основа ставив 1/4 круг краставица, која ја комбинирав најизменично со морков, маслинки и домат. Помеѓу ставив гранчиња магдонос за збогатен изглед.

Нас фотографиите подолу можете да забележите дека ја искомбинирав во повеќе варијанти декорацијата.

*Може да се употребат и ротквици, ако сте нивни љубител, но јас ги избегнувам заради лутината.
*Можете и лути пиперчиња да користите за пикантен вкус.
*Одберете си зеленчук кој ви одговара по вкус и искомбинирајте, битно да е шарено и весело како декорација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови