Пишав 5 јајца,а 10 листови за да ставите по два листа на едно јајце.
Белката од јајцето ја користиме за да ги залепиме листовите на јајцето.
Одберете убави ливчиња кои имаат поостри ивици, за шарата да биде поубава.
Ливчињата поминете ги со четка која претходно сте ја натопиле со белката.
Залепете ги на јајцето и пажливо ставете ги во тенок чорап.
Затегнете убаво и врзете ги.
Полека спуштете ги во претходно растворената боја.
Варете нормално колку да се свари јајцето.
После варењето извадете ги од бојта со супена лажица.
Ставете да се исцедат добро, за да не се размачка бојата кога ќе ги вадиме јајцата од чарапот.
Исечете го чарапот и извадете го јајцето.
Пажливо отстранете ги листовитеци ќе ги забележите шарите.
Премачкајте ги јајцата со масло кое претходно го нанесовте на кујнска хартија.
Среќни празници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови