Многу брзи и вкусни корпички, за разни настани кои ќе ви го сменат класичното декорирање и послужување на крем салатите.
Јас тестото го замесив во сецко/процесор за 1 минута, по примерот на шеф Рудолф, па затоа доколку имате и вас ви препорачувам. Доколку немате, може и со раце но е важно да биде ладен путерот за полесно замесување.
Најпрво ги ставаме брашното и путерот да се поврзат како трошки, потоа ги додаваме пецивото, солта и на крај јајцето кое го поврзува тестото.
На рамна набрашнета површина кратко го размесуваме тестото а потоа во проѕирна фолија го оставаме 15 мин во фрижидер.
Месиме кора со дебелина околу половина сантиметар и од неа со метален калап сечеме форми. Потоа исеченото тесто го поставуваме на надворешната страна од калапот и правиме форма, полека го вадиме и ја поставуваме корпичката на задната страна од калапот за мафини формирајќи вдлабнатина.
Печеме на 180 степени додека заруменат, од оваа доза излегуваат 24 мали корпици.
Откако ќе оладат се полнат со состојки по ваша желба. Јас направив изменета верзија на француската салата од
Кисело млеко, краставици, копар и пилешки гради.
А во другиот дел ставив ајвар со рендано сирење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови