Декоративна тава која ја краси свечената трпеза.
Тестото е лиснато-киснато и е одлично.
Топло ви ја препорачувам :)

Од наведените состојки се замесува средно меко тесто, кое не се лепи на раце. Убаво се измесува.
Се отвора правоаголна кора и се ренда врз неа 1/3 од путерот.
Се предиплува на 4 пати, појасно се воочува од дополнителните фотографии.
Се премачкува со масленце, се покрива со стреч фолија и се става во фрижидер 30 мин..

Постапката се повторува уште 2 пати.

Четвртиот пат, тестото се дели на 2 дела, поголем за тавичката и помал за капакот.

Од делот за тавата се отвора кружна кора, се става во намрсен калап со пречник 26 цм..Се поткрева на ивиците за да се направи обрач.(Нека бидат повисоки.)Се боцка со вилиушка и се става да се печи во загреана рерна, најпрво 10- на мин. на 220, а потоа се намалува на 200 уште некои 5 мин., додека убаво порумени. Се остава да се излади.

За капакот се отвора кружна кора, која се става во намрсен калап со пречник од 28 цм..
Се премачкува со жолчка разматена со малку млеко.Се наросува со сусам.
Од преостанатото тесто се прават украси , се лепат, премачкуваат со жолчката и наросуваат со ким.Се печи исто како и тавата.Се остава да се излади.

А, потоа по Ваша желба и вкус наполнете ја, пример со месо, омилена салата, итн...
Изненадете ги гостите! :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани