Ова е убава, лесна, брза салата, а начинот на кој се презентира е навистина декоративен. Јас додека ја сервирав, малку се заиграв, ама вие секако можете да ја декорирате по ваш мерак.
Користам корнишони, ама од поголемите, не од оние ситните за во туршија.
Пресечете го горниот дел од краставичката и со лажиче издлабете ја, извадете го семето. Посолете ја малку внатрешноста и превртете ја однопаку малку да се исцеди сокот.
За полнењето, изгмечете го топеното сирење заедно со ренданото овчко сирење, па ставете ја павлаката, исечканите маслинки и сувите домати. Наполнете ги краставичките и одзгора декорирајте ги по ваша желба или пак како овде, во вид на бротчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови