Декоративен ориз, повторно, поточно ориз со фиде.
Преубаво за свечано сервирање за празник.
Овој начин на подготовка на оризот кај нас се нарекува пилав поточно пиљаф и е солен. Вкусно е многу, а на овој начин и за око преубаво.
Го сакам многу пилавот уште од мала.
Основниот рецепт е едноставен, варениот ориз треба да се полие со врел зејтин.

Мојот рецепт малку се разликува, поздраво е така, а и оризот не се слепува.

1. Оризот се мие низ неколку води.
2. Се става во врела вода со зејтинче, сол и сушен зачин да се свари.
3. Во друга поголема тава, се пржи фиде до златна боја, не смее да изгори.
4. Оризот се цеди ако има вода и се става во тавата со фиде, се свртува еднаш, двапати и веќе е готов за сервирање.

Начинот за правење на овие Ивини момички веќе го знаете.
Ви треба цилиндарче кое се поставува на чинијата за сервирање и се полни на редови, ред ориз, ред магданос, како сакате, што и да ставате ќе биде декоративно и интересно!
Потоа со едната рака се притиска содржината, а со другата цилиндрарот се крева нагоре. Во чинијата останува оваа убавина.
Многу ми се погодија овој пат, а денес правев и други...
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани