- Во сад квасецот се прелива со топлото млеко, промешајте да се раствори, потоа додадете го маслото, шеќерот, ванилата и повторно промешајте да се растопи шеќерот. Додаваме од брашното и замесуваме тесто, извадете го од садот и убаво измесете го. Треба да е меко, но не лепливо за рацете. Покријте и оставете да стаса.
Додека стасува тестото пригответе го кремот
- Сувото грозје попарете со вода и оставете на страна.
- Во сад разматете го јајцето и измешајте го со шеќерот и густинот, додадете ја и рендата кора од лимон.
- Млекото ставете да се загрее. Кога е доволно топло тргнете на страна, истурете ја содржината од јајце и густин, размешајте и вратете на оган и доварете како што се вари пудинг. Тргнете настрана, покријте да не фати кора и нека олади.
Оформување
- Стасаното тесто на лесно побрашнета работна површина расукајте во кота. Врз неа премачкајте со кремот, посипете го истисканото суво грозје. Замотајте во ролат и сечете парчиња во големина која ја сакате вие. Наредете во тавка послана со хартија за печење со пресекот надолу.
Нека стасат.
- Разматете јајце, премачкајте ги, ставете да се печат во претходно загреана рерна на 170-180 степени околу 20 мин.
Одлично е ова Данско пециво илити Бриош...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани